Фудбалерите со корона вирус може да добијат оштетување на срцето и белите дробови

Макфакс

05/04/2020

15:15

1.181

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите кои ќе се вратат на спортот по позитивен тест на КОВИД-19 ќе мораат да имаат детално тестирање, бидејќи се можни оштетувања на срцето и на белите дробови од болеста, предупредува главниот лекар на Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ).

Италија според прогнозите го достигна „пикот“ на пандемијата откако се намали бројката на позитивни случаи и смртни случаи од вирусот, што значи веднаш почнаа да се планираат враќањата на спортските натпреварувања, со датум од 20 мај како најверојатен. Но, професорот Антонио Спатаро вели дека мора да се биде многу внимателен. 

„Тие кои имаа позитивен тест на корона вирусот ќе мора да имаат детални прегледи пред да им се дозволи враќање на физичката активност. Уште не знаеме колку и како вирусот влијаел на физичката подготвеност. Проблемот со вирусот е што влијае на срцевата активност и на респираторниот систем. Фудбалерите ќе мораат да имаат цела низа на тестови“, вели докторот Спатаро за „Ил џорнале“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг