„Оваа грешка ја прават многумина, а може само да ви наштети“ – руски епидемиолог го разбива митот на лажните експерти за коронавирусот

Точка

05/04/2020

16:03

8.916

Големина на фонт

а а а

Руските доктори предупредуваат дека не треба да се претерува со набавување на антивирусни лекови и тврдат дека подобро е граѓаните воопшто да не ги купуваат без препорака од стручен доктор.

Кога полиците со брашно и тоалетна хартија се испразнети, купувачите вниманието го насочија кон аптеките.

Сега во Русија владее голема побарувачка за антивирусни лекови, а лажните медицински експерти додаваат масло во огнот со советите дека ‘без антивирусните лекови, коронавирусот може полесно да се добие’.


„Масовното купување на антивирусните лекови, без рецепт од доктор и без негова препорака, е трошење на пари попусто. Во најлош случај, земањето на таквите лекови може да предизвика автоимуна болест“ – изјавил епидемиологот Акинфев.

„Еве препорака: обидете се, дури и на сила, да ја ограничите вашата посета на социјалните мрежи. Доколку сметате дека сте премногу анксиозни, намалете го читањето вести за коронавирусот“ – објаснил социјалниот психолог Алексеј Рошин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг