Познатиот боксер тврди: „Коронавирусот го направил човекот, и тоа со причина...“

Точка

05/04/2020

13:27

7.296

Големина на фонт

а а а

Познатиот боксер, Амир Кан изнел шокантна теорија за коронавирусот, а со тоа ја кренал цела британска јавност на нозе.

„Не мислам дека вирусот дошол од Кина. Тоа е лага, луѓето зборуваат дека таму настанал затоа што Кинезите јаделе лилјаци и змии. Тоа е с*ање. Верувате ли вие во тоа? Јас не“ – изјавил Кан.


Продолжил со истиот ритам:

„Коронавирусот ова, коронавирусот она, веројатно ви здодеа исто како мене. Вирусот го направил човек и тоа со причина. Верувам дека вирусот го креирале за да ја испробаат 5G мрежата. Зарем вие не мислите така. Ова значи дека сега можат да имаат сè под контрола над луѓето. Зошто нè затвораат во карантин доколку не станува збор за тоа? – прашува Кан.

Поранешниот светски шампион последен пат имал бокс натпревар во јули 2019-та година.

Тој планира да стане менаџер на талентирани боксери.




Спонзорирани линкови

Маркетинг