Дибала и неговата девојка се уште имаат коронавирус, по двата негативни следеше еден позитивен тест

Дерби

05/04/2020

12:43

1.580

Големина на фонт

а а а

Иако се мислеше дека фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала и неговата девојка Ориана Сабатини се излечени од коронавирусот, сепак последните тестирања покажаа дека тие се уште се активни носители на болеста.

Двајцата соопштија дека се заразени на 21 март кога беа позитивни на првичното тестирање, но по домашното лекување тестовите од претходните неколку денови беа негативни по што многумина помислија дека тие се излекувале од опасниот вирус.

Сепак, сега девојката на Дибала, Ориана потврди дека на најновите тестирања тие повторно се позитивни и дека се уште не се имаат излечено од вирусот. 

– На 21 март направивме тест и бевме позитивни. Пред три дена направивме тест кој беше негативен, а потоа негативен беше уште еден. Меѓутоа, последниот тест кој го направивме повторно беше позитивен. Се уште сме заразени и искрено не знам како ова делува. Еден тест позитивен, друг негативен, -изјави Ориана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг