Џердан Шаќири си оди од Ливерпул и продолжува во Ла Лига?

Дерби

05/04/2020

12:40

2.907

Големина на фонт

а а а

Швајцарскиот репрезентативец од редовите на Ливерпул, Џердан Шаќири би можел да си замине од клубот во овој преоден рок.

Шаќири не се изнаигра оваа сезона во Ливерпул и токму затоа ќе побара да ја промени средината.

За него има интерес од повеќе европски клубови, а како што пишува „Ел Мундо Депортиво“, Севилја најсилно притиска за неговиот потпис. Освен шпанскиот клуб за Шаќири има интерес и од Рома како и од рускиот тим на ЦСКА. 

Годинава Шаќири има само десет настапи и вкупно 256 минути во дресот на Ливерпул, а постигна само еден погодок на натпреварот против Евертон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг