Хрватска докторка ја опиша опасната болест и ја наведе клучната работа во борбата со ‘невидливиот непријател’

Точка

05/04/2020

11:23

5.430

Големина на фонт

а а а

Како што знаеме, симптомите за коронавирус кај поголемиот дел од заболените пациенти се покачена телесна температура и отежнато дишење.

Директорката на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“, Алемка Маркотиќ, изјавила дека во последниве неколку дена научниците дошле до нови сознанија за Ковид-19, а во списанието „Science“ било објавено дека социјалната дистанца е пресудна за спречување на ширење на заразата.

Таа изјавила дека тоа научно списание ги навело и сите останати елементи кои што би можеле да помогнат во борбата со коронавирусот, како што се лекови, вакцина и така натаму, но за сето тоа потребно е многу време.

Директорката изјавила дека во нивната клиника има 17 болни луѓе кои што се лечат на респиратори. Поголем дел од болните луѓе се постари луѓе, но четворица од нив се во средни години или пак помлади, па треба на сите да им биде јасно дека оваа зараза не ги погодува само старите луѓе.

Таа исто така повторила дека симптомите кај тешко заболените пациенти се висока телесна температура и отежнато дишење.

„Замислете дека некој ви седи на градите, и така 24 часа. Во тешки облици тоа е исклучително тешка болест, затоа мора да бидеме претпазливи за себеси, но и другите да не ги доведеме во таква ситуација“ – истакнала докторката.

Пред неколку денови кинеските научници објавија ново сознание за интеракцијата на вирусот со неговите рецептори, па сега многу повеќе се знае за структурата на самиот вирус и поврзувањето на истиот со ќелиите кај човекот.

Тоа, како што вели Маркотиќ, им дава голема шанса на истражувачките лаборатории и биотехнолошки компании да знаат во каква насока да развиваат лекови и вакцини.




Спонзорирани линкови

Маркетинг