3 работи кои моментално најмногу се купуваат во дрогериите

Точка

04/04/2020

21:22

4.995

Големина на фонт

а а а

Со пандемијата на коронавирусот, приоритетите за купување се променија кај многумина.

И тука не мислиме само на основните работи како што се храната и тоалетната хартија, туку и на хигиенските производи кои ги користиме за нега на кожата.

Како што пренесува „Cosmopolitan“, производите во овие три категории моментално се најпродавани речиси во цел свет.

Крема за раце

На кремите и маслата за раце продажбата вртоглаво им пораснала, заедно со продажбата на средства за дезинфекција кои ги сушат рацете. Во некои онлајн продавници пости дури и листа на чекање за некои производи за раце.


Фарба за коса

Сепак сега сите станавме фризери. Израстоците за жал не чекаат да заврши карантинот, затоа многу жени ги преземаа работите во свои раце.

Производи за нокти

Своите салони мораа да ги затворат и козметичарите, па девојките се одлучуваат да го отстранат гелот или трајниот лак дома, или пак си купуваат цела опрема за да си ги направат сами ноктите во домашни услови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг