Бројот на новозаразени во Италија продолжува да паѓа и денеска се регистрирани 4.805 нови случаи заболени од коронавирусот, додека за 24 часа како последница од истиот починало 681 лице.
Според најновите податоци, вкупно починале 15.362 лица, а регистрирани се вкупно 124.632 заразени.
Италијанските власти апелираат до граѓаните строго да се придржуваат до мерките кои се воведени, со цел да се надмине епидемијата.