Британците полудеа: Поради теориите на заговор за 5G мрежата палат столбови за мобилна телефонија и малтретираат инженери

Точка

04/04/2020

15:47

6.304

Големина на фонт

а а а

Во неколку градови во Велика Британија се запалени столбови на мобилна телефонија и дошло до злоставување на инженери поради невтемелените теории за поврзаноста на коронавирусот со 5G мрежата, соопштиле британските мобилни провајдери.

Откако на социјалните мрежи биле објавени фотографии од столбови во пламен, провајдерите истакнале дека ширењето на таквите гласини е загрижувачко. 


Како што пренесува “BBC”, биле запалени столбови во Спаркхил, Бирмингем и Мелинг.

Секретаријатот за дигитални технологии, култура, медиуми и спорт соопшти дека е запознаен со тоа дека на социјалните мрежи се шират неточни информации за 5G технологијата и поврзаноста со коронавирусот.


Фејсбук вчера ја отстрани страницата на која биле прикажани фотографии со запалени кули за пренос на 5G технологија, со поттик и останатите да го направат истото. Компанијата Мобајл УК навела дека уште повеќе ги загрижува тоа што поединечни луѓе ги злоставуваат нејзините работници и им се закануваат дека ќе ја оштетат инфраструктурата поради тврдењата за 5G технологијата.


“Тоа само негативно влијае врз способноста на нашата индустрија да ги одржи оперативните капацитети на мрежата за поддршка на масовната работа од дома и достапноста на итните служби”, истакнала компанијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг