Гигантот дели откази: Ги отпушта сите со договори на одредено време

Точка

04/04/2020

15:17

6.987

Големина на фонт

а а а

Компанијата "Tesla" ги отпушта работниците со договори за работа на определено време од фабриките за производство на автомобили и акумулатори во Калифорнија и Невада.

Тоа за CNBC го кажале тројца вработени, кои дописите за отказ ги споделиле со таа редакција. 

Компанијата откажува договори во таа категорија на вработени во фабриката за автомобили во Фремонт, во Калифорнија, и во Гигафабрикат во близина на местото Рино во Невада, каде "Tesla" произведува батерии за напојување на електрични возила и акумулатори.

Оваа мерка ќе погоди стотици работници, според проценките на соговорниците на CNBC кои замолиле да останат анонимни, бидејќи не се овластени за комуникација со медиумите за внатрешните работи во компанијата.

Работниците на определено, од кои многумина работеле со години во "Tesla", некои во надеж дека ќе добијат редовно вработување со полно работно време, за отказите биле известени од нивните агенции за вработување.

Во дописот до агенцијата "Balance Staffing" на отпуштените работници пишува: "Со најдлабоко жалење мораме да ве известиме дека стопирањето на работата во "Tesla" е продолжено поради пандемијата на COVID-19, и како резултат на тоа "Tesla" побара моментално раскинување на сите договори".

Агенцијата за регрутирање на кадри навела дека работниците ќе останат во компанијата "Balance Staffing" и дека ќе можат да најдат друга работа преку нивната компанија.

Од оваа агенција исто така ветиле дека ќе дадат се од себе работниците да ги вратат во Тесла во иднина, ако тоа биде можно, уверувајќи ги отпуштените дека причината поради која добиле откази не е квалитетот на нивната работа, туку тешките услови за работење.

Вработените на определено, ангажирани преку други агенции, добиле слични известувања во четвртокот и петокот, рекле работниците кои разговарале со CNBC.




Спонзорирани линкови

Маркетинг