Москва е новото жариште на коронавирусот: Заразени над 3,500 лица...

Точка

04/04/2020

16:38

5.012

Големина на фонт

а а а

Во изминатите 24 часа на територијата на Руската Федерација се регистрирани 582 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број порасна на 4,731.

Ова го соопшти Штабот за борба против ширење на вирусните инфекции, од каде што додадоа дека новите случаи се регистрирани во 32 региони ширум земјата.

Голем проблем за земјата е тоа што само во руската престолнина Моксва, во последните 24 часа се регистрирани 434 нови случаи на коронавирусот, од кои 14 од нив се деца. Со ова, во Москва досега се заразени вкупно 3,557 лица.

Според последните информации, во главниот град на Русија досега оздравиле вкупно 168 лица, а како последица на коронавирусот починале 24 пациенти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг