Сингапур ги затвора училиштата и компаниите по вториот бран на коронавирусот

Точка

03/04/2020

22:20

2.075

Големина на фонт

а а а

Сингапур, кој успеа да ја сузбие епидемијата на коронавирусот така што ги откриваше патиштата на неговото пренесување, мораше да ги затвори училиштата и компаниите повикувајќи го населението да остане во домовите, соопшти во петокот Ли Хсиен Лонг, премиерот на овој град.

„Разгледувајќи го трендот, стравувам дека, доколку не воведеме дополнителни мерки, ситуацијата би можела да се влоши и дека другите жаришта на заразата би можеле радикално да ја изменат состојбата“, изјави премиерот на оваа држава во југоисточна Азија во телевизиско обраќање.

Сингапур, кој по Кина беше меѓу првите земји зафатени од коронавирусот, ја задржа епидемијата под контрола со тестирање на голем број луѓе и систематско следејќи ги и изолирајќи ги сите контакти на заразените.

Властите постепено ги заоструваа мерките затворајќи ги локалите и ноќните клубови, но сѐ досега не воведуваа строго ограничување на движењето. Сингапур, притоа, го забрани и влезот на странци во земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг