Жена признала дека имала секс со делфин: Сето тоа беше дел од експеримент на НАСА

Точка

03/04/2020

21:13

8.974

Големина на фонт

а а а

Маргарет Хо Ловат од мала сакала животни, а особено ја фасцинирала комуникацијата со нив.

Таа љубов не ѝ поминала ниту откако пораснала, па станала дел од експеримент кој го финансирала НАСА во 60-те години.

Желбата да комуницира со животните ѝ се појавила уште во 1963-та година на Карибите, кога живеела на островот Сент Томас.

Нејзиниот зет ѝ рекол дека на островот постои лабораторија каде се работи со делфини.  

Тогаш 20-годишната Маргарет отишла да види за што се работи и се запознала со директорот Џорџ Бејтесон. Во лабораторијата се работело на тоа дали делфините можат да комуницираат на англиски.

На Маргарет ѝ дозволил да учествува во експериментот, па запознала три делфини кои биле во базени.

„Питер, Памела и Сиси. Сиси беше најголема, гласна, таа ги водеше сите. Памела беше многу плашлива и срамежлива, а Питер беше помал. Созреваше сексуално и беше многу непослушен“, раскажала таа за BBC.

Како што поминувала време со нив, создала специјална врска со овие животни, особено со Питер.

„Питер сакаше да биде... со мене. Се триеше од моето колено, стапало или рака и јас му го дозволував тоа“, навела таа.

Како што рекла, не ѝ било непријатно. За него тоа веројатно било сексуален чин, но за неа тоа не било сексуалност.

Инаку, овој експеримент имал и многу скандали, па така лабораторијата била обвинувана и дека ги дрогирала делфините. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг