Британските медицинари изложени на шиканирање! Еве каква одлука донел познатиот супермаркет кој се наоѓа во близина на најголемата болница

Точка

03/04/2020

19:24

4.180

Големина на фонт

а а а

На здравствените работници во Велика Британија им е забрането купување во еден супермаркет кој се наоѓа во близина на една од најголемите болници во земјата - освен ако се пресоблечат и ја извадат униформата.

Наредено им е на вработените во супермаркетот да одбијат да ги услужат оние кои носат униформа поради страв дека би можеле да го прошират коронавирусот.

Оваа компанија има 28 продавници во Северна Англија и една непосредно пред болницата „Royal Preston“, која секојдневно ја користат стотина вработени.


Компанијата издала соопштение во кое се наведува дека одлуката е донесена врз основа на новоиздадените NHS насоки и безбедносни протоколи кои ги почитува и Кралската болница „Preston“.

Џо Ен Витекер вели дека морала да го прескокне ручекот, бидејќи не ѝ бил дозволен влез во супермаркетот, пренесува „The Sun“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг