Вирусот нема да исчезне сам од себе, но постои надеж: Се ближи врвот на епидемијата во Европа

Точка

03/04/2020

14:10

4.109

Големина на фонт

а а а

СЗО соопшти дека постојат знаци на некаква стабилизација на пандемијата на коронавирусот во Европа, затоа што Италија, најтешко погодената земја на Стариот континент објави најмал број на новозаболени во последните две седмици.

Мајк Рајан, шеф на одделението за вондредни ситуации при СЗО изјави дека организацијата се надева дека Италија и Шпанија се приближуваат кон врвот на епидемијата на коронавирусот, а европските карантини и блокади кои беа воведени пред неколку седмици веќе започнале да даваат резултати.

Според Рајан, новите случаи кои сега се појавуваат, ја одразуваат ситуацијата од прилика пред две седмици и тој ги повика земјите да ги зголемат напорите во пронаоѓање и изолација на пациентите.


„Вирусот нема да исчезне сам од себе. Потребно е државите да се фокусираат на стратегијата“, изјави Рајан.

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави планови за заострување на ограничувањата во јавниот живот и им наложи на сите кои работат во службата кои не се од големо значење, да останат дома за Велигденските празници. Австрија, Грција и Кипар ги зајакнаа мерките, а Русија започна да ги блокира регионите со цел да се спречи ширење на вирусот.


Со оглед на тоа што Италијанците први започнаа со воведување на рестриктивните мерки, охрабрувачка вест е тоа што регионот Ломбардија кој беше најтешко погоден, во понеделникот регистрираше најмал пораст на случаите од 13-ти март и токму тоа дава надеж дека се ближи крајот на пандемијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг