Најубавата жена на светот покажала како изгледала во детството: Бела Хадид и сега носи еден детаљ

Точка

03/04/2020

14:40

3.799

Големина на фонт

а а а

Многумина коментирале дека се гледало, и кога Бела била мала, дека ќе прерасне во вистинска убавица.

Популарниот топ-модел Бела Хадид важи за една од најубавите жени на светот, а сега покажала како изгледала кога била мала. 

Бела на својот профил на Инстаграм, споделила фотографија од детството, а многумина коментираат дека манекенката ги има препознатливите црти на лицето и дека уште тогаш се гледало дека ќе прерасне во вистинска убавица.

Манекенката позира со широка насмевка на лицето, а на себе има розова маица, како и фустанче во истата боја. Бела на главата има розова марама која и денес е еден од нејзините омилени додатоци и ја носи на ист начин.

Бела како дете имала кадрава коса, додека денес има темно кафеава боја на коса со која често експериментира поради природата на својата работа

Манекенката често се наоѓала на мета на напади дека не е природна убавица, туку дека своите црти на лицето "ги средила" по своја замисла кај пластичен хирург.

Потсетуваме, Бела е прогласена за најубава жена на светот според истражувањето кое се занимавало на темата како треба да изгледа совршеното лице. Таа има 94,35 проценти според "златниот пресек" за убавина.

Нејзините очи, веѓи, нос, усни, брада и вилица, па со самото тоа и обликот на нејзиното лице, се најблиску до тоа што старите Грци го сметаат за перфекција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг