Многумина предвидуваат блескава иднина на овој тим на Реал Мадрид: Имаат играчи кои ќе доминираат…

Дерби

03/04/2020

12:55

1.829

Големина на фонт

а а а

Голем дел од фудбалерите кои донесоа значајни успеси за Реал Мадрид изминативе години полека влегуваат во завршните години од своите кариери.

Во „кралскиот клуб“ се свесни дека играчите од типот на Лука Модриќ, Серхио Рамос, Марсело, Бензема нема да може уште долго да го носат товарот со настапите на врвно ниво, па затоа презедоа еден чекор кој засега не дава резултати, меѓутоа се очекува во иднина да направи вистински „бум“.

Имено, Реал Мадрид ангажираше низа млади таленти, некои и за „дебели“ пари, кои се уште не го покажаа сиот свој максимум. Сепак, се очекува во иднина овие фудбалери да бидат водечката сила на „кралскиот клуб“ кој сигурно ќе остане по истиот зацртан пат за освојување на секој можен трофеј во сезоната.

Последне од играчите кои стигна како засилување за иднината е 17 годишниот Реиниер кој стигна од Фламенго, а во клубот освен него се и неговите сонародници Винисиус (19) и Родриго (18). На бразилското трио ќе им се приклучи Мартин Одегард кој иако е млад веќе неколку години игра професионален врвен фудбал, а оваа година својот раскош го покажува во дресот на Реал Сосиедад.

Тука е и уште едно име кое ќе донесе многу во тимот на Реал Мадрид. Станува збор за Ашраф Хакими кој блеска во дресот на Борусија Дортмунд оваа сезона. Одбраната ќе се потпира на Едер Милитао кој се уште го нема покажано сиот свој потенцијал, додека во средниот ред се очекува да царува Феде Валверде кој и оваа сезона е меѓу најдобрите играчи на Реал Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг