Овој документарец моментално е најпопуларната серија и нешто најлудо што ќе гледате оваа година

Точка

03/04/2020

13:15

4.389

Големина на фонт

а а а

Сценариото следи надреален судир меѓу сопственици на приватни зоолошки градини кој е речиси невозможно да се срочи во еден текст, бидејќи приказната е преполна со луди пресврти и бизарни ликови кои делуваат како производство на имагинацијата на сценаристите.

Независно од тоа дали сте љубител на крими документарци или не, "Tiger King" на "Netflix" е една од најлудите серии кои можете да ги погледнете во овој момент, а за тоа доволно зборува и бесконечната расправа на социјалните мрежи и податокот дека, според статистиката на "Rotten Tomatoes", станува збор за моментално најпопуларната серија која собира само највисоки оценки. 

Иако фасцинацијата за чување на диви животни е нешто на што може да се наиде во сите делови на светот, приказната која ја следи овој документарец е карактеристична за САД, каде живеат повеќе тигри во заробеништво, отколку што ги има во дивината во остатокот од светот.

Сценариото следи надреален судир меѓу сопственици на приватни зоолошки градини кој е речиси невозможно да се срочи во еден текст, бидејќи приказната е преполна со луди пресврти и бизарни ликови кои делуваат како производство на имагинацијата на сценаристите.

Кога приказната ќе се "заплетка", станува јасно дека Џои е нарцисоиден ексцентрик и социопат кој поради сплет на околности наишол на нишанот на Баскин, борец за правата на животните која со поддршка од PETA го прави истото што и тој, но на прв поглед делува понормално од него. Но, и тоа набрзо се менува.

Таа тврди дека Ексотик е злостаувач на животни (што и е), чија единствена мотивација е заработката(исто така точно, додека тој за неа го тврди истото (и е во право) и ја сомничи за убиството на неговиот сопруг.

Приказната во секој момент станува се почудна и почудна, а ескалира во моментот кога вечно вооружениот и параноичен Ексотик одлучува да го нарача нејзиното убиство.

Прозорец во лудило

Ова би било и доволно забавен серијал да се занимава само со нивниот судир, но секоја минута се појавува нов чудак. На пример, Док Ентл или поточно, Махамајави Багаван Кевин Ентл, сопственик на "институтот" наречен TIGERS, кој е само уште еден чуден сопственик на приватна зоолошка градина, само со источен темперамент.

Документарната серија воедно е и совршен прозорец во светот на трговијата со егзотични животни, кој е исполнет со корупција, насилство и организиран криминал, а тигрите се само роба која членовите на овој бизарен триаголник ја користат за остварување на целите, криејќи се под проѕирната маска на љубовта кон животните.

Хит во време на коронавирус

Во секој случај, Netflix успеал да "продаде" уште еден крими класик, според вистинити настани.

Некои претпоставуваат дека за успехот на серијата придонела и пандемијата на коронавирусот, па "Tiger King" ја погледнале повеќе луѓе од што се очекувало, но тоа на крајот е сосема неважно. Ова е серија која мора да ја погледнете.




Спонзорирани линкови

Маркетинг