Неверојатни податоци за скијачкиот центар кој беше едно од првите жаришта на коронавирусот во Европа: Се разоткриваат вистинските размери...

Точка

03/04/2020

12:20

7.312

Големина на фонт

а а а

Од 600 до 1200 лица од неколку различни земји се заразиле со коронавирусот во австрискиот скијачки центар Ишгл, објавија експертите, истовремено критикувајќи ги локалните власти за задоцнетото затворање на скијалиштето.

Австриската здравствена агенција “AGES” објави податоци за ширењето на коронавирусот на подрачјето на Ишгл и во околната долина Пазнаун, при што ги обвинија регионалните власти дека одолговлекувале со затворање на скијачкиот центар.

Првото лице, австриска келнерка од Тирол се заболела на 8-ми февруари во долината Пазнаун во покраината Тирол, но со оглед на тоа што нејзините симптоми биле благи, не било спроведено тестирање до почетокот на март, открија од “AGES”.


Двајца Норвежани кои студирале во Италија исто така го „донеле“ вирусот во Тирол каде што дошле на скијање.

Со околу 600 случаи на заразени со коронавирус во Австрија поврзани со долината Пазнаун, најмалку иста бројка, ако не и двојно поголема има заразени граѓани на други земји. Ова го изјави челникот на одделот за јавно здравство при “AGES”, Франц Алербергер на новинска конференција.

Петер Колба, активист за заштита на потрошувачи изјави дека добил информации од приближно 2,200 туристи кои биле позитивни на коронавирусот веднаш после нивниот одмор во долината Пазнаун.


Многу од овие туристи, кои се согласиле на поднесување на колективна тужба се од Германија, Швајцарија, Велика Британија, Холандија и нордиските земји, што значи дека тие откако се вратиле дома во првите недели продолжиле да го шират вирусот.

Австриските обвинители сега истражуваат дали задоцнетата реакција на локалните власти придонеле за ширењето на епидемијата во Ишгл. Тиролската покраинска влада соопшти дека ги затвориле сите скијачки центри откако бил потврден првиот случај на коронавирус на почетокот на март.



Спонзорирани линкови

Маркетинг