Ова е револуционерниот филм кој што е прогласен за најдобар на сите времиња

Точка

03/04/2020

12:42

4.342

Големина на фонт

а а а

Ова остварување се занимава со егзистенцијализмот, технологијата, вештачката интелигенција и возможноста за вонземјански живот...

Револуционерниот филм на Стенли Кјубрик, „2001: Одисеја во вселената“, премерно е прикажан во 1968-та година. Сценариото го работеле Кјубрик и Артур Кларк, британски писател на научна фантастика, според чии кратки приказни е засновано и ова остварување.

Дејството го следи вселенскиот пат до Јупитер, откако бил откриен вонземјански монолит кој што влијае на човечката еволуција. Филмот се занимава со прашањата на егзистенцијализмот, технологијата, вештачката интелигенција и возможноста од вонземјански живот.


Критичарите забележале дека овој филм веродостојно го прикажува вселенскиот лет, што претставува потфат со специјални ефекти и разни видови фантазии.

Филмот бил револуционерен во тоа време и го отворил патот на понатамошните филмови од таа франшиза.

Меѓутоа, критичарите биле поделени. Едни сметале дека филмот е ‘мрачен и апокалиптичен’, а други спротивно – ‘како надеж за човечката цивилизација’.

„2001: Одисеја во вселената“ бил номиниран за 4 Оскари од кои добил 1, за специјални визуелни ефекти.

Денес тој важи за еден од највлијателните филмови кој што некогаш бил направен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг