Руската помош пристигна во Америка, Трамп признал: Опремата е со врвен квалитет! Еве кој ќе ја плати

Точка

03/04/2020

11:06

3.927

Големина на фонт

а а а

САД ќе го платат контингентот од медицинска опрема за борба против ширењето на коронавирусот на Русија, соопштил денес висок службеник на администрацијата на Трамп, но не открил кој ќе ги сноси трошоците за пратката од Москва.

По телефонскиот разговор на рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД, Доналд Трамп, Русија пратила 60 тони медицинска опрема вклучувајќи респиратори, маски и вентилатори. 

По тој повод, Трамп оценил дека руската опрема е од врвен квалитет и дека ќе ги спаси животите на Американците.

Руското министерство за надворешни работи соопштило дека официјална Москва платила половина од цената за целиот контингент, а еден висок службеник на Белата куќа, кој сакал да остане анонимен, за "Reuters" изјавил дек Русија и ја продала опремата на Америка под пазарната цена, без да наведе колку платил Вашингтон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг