Марсело донел конечна одлука по шпекулациите кои го поврзуваа со заминување од Реал Мадрид

Дерби

03/04/2020

10:31

1.109

Големина на фонт

а а а

Еден од играчите со најдолг стаж во Реал Мадрид, искусниот Марсело, донел конечна одлука за својата иднина на „Сантијаго Бернабеу“.

Во изминатиов период многу медиуми пишуваа дека Марсело ќе стави крај на долгогодишната авантура во Реал Мадрид и ова лето ќе се согласи за трансфер во Јувентус.

Сепак, шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Марсело се уште е среќен во Мадрид и дека не планира да си оди од клубот ова лето. Наводно, Бразилецот имал комплетна доверба и во тренерот, Зинедин Зидан кој се почесто го остава фудбалерот на клупата за резерви во однос на Ферлан Менди кој добива шанса по левата бековска позиција.

Марсело во Реал Мадрид пристигна во далечната 2006 година, а неговиот актуелен договор му истекува во 2022 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг