Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Макфакс

03/04/2020

09:56

517

Големина на фонт

а а а

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот за коронавирус. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централно-десничарска партија ГЕРБ, Даниела Дариткова и Даниела Малешкова, членка на партијата.

Тестирањата на сите парламентарци беа спроведени откако Хасан Адемов, член на централно-десничарското движење за права и слободи, беше позитивен на тестот за Ковид-19.

Во Бугарија досега има потврдено 457 заразени лица и 10 смртни случаи. Бугарија е во вонредна состојба од 13 март.



Спонзорирани линкови

Маркетинг