Докторка од Вухан покажа каква заштитна опрема мора да облече: За време на смената не јаде, не пие и не оди во тоалет

Точка

03/04/2020

15:50

2.833

Големина на фонт

а а а

Бројот на новозаболените во Кина драстично се намалува откако во февруари беше врвот на епидемијата, а животот сега се враќа во нормала.

Најмногу нови случаи забележа Шангај, а провинцијата Хубеи во која живеат 60 милиони луѓе и беше главно жариште на заразата во Кина конечно ги отвори своите граници.

Во борбата против коронавирусот во првите редови беа медицинските работници кои на почетокот често се инфицираа додека им помагаа на заболените. Сепак, подоцна во болниците беа воведени строги заштитни мерки и здравствените работници добија прилично ефикасна заштитна опрема.

Медицинските сестри во Вухан имаат смена од четири, а докторите од шест часа. За време на смената не смеат да јадат, да пијат и да одат во тоалет.

На видеото кое беше објавено на социјалните мрежи, може да се види што се треба да облечат медицинските работници за да се заштитат од коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг