Градоначалник на општина намерно се заразил со корона – неговата причина е бизарна....

Точка

03/04/2020

08:55

5.712

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на берлинската општина Мите, Стефан Фон Десел изјавил дека намерно се заразил со коронавирусот, а неговата причина за тоа е помалку бизарна.

Тој изјавил дека се заразил од вирусот, за неговата веќе инфицирана девојка да не мора да биде сама во карантин.

Фон Десел изјавил дека бидејќи неговата девојка е веќе позитивна на тестот на вирусот, 'свесно' се инфицирал и тој за да може да ѝ се придружи во изолација.


„Болеста е многу полоша отколку што очекуваве, ме ‘нокаутираше’ за две седмици. Се надевам дека ќе закрепнам и дека ќе бидам на работа до крајот на оваа седмица“ – изјавил 50-годишниот Фон Десел.

Многумина го осудиле ваквото негово, неодговорно однесување, со оглед на тоа што е претседател и што треба да биде пример за останатите луѓе во борбата со невидливиот непријател.




Спонзорирани линкови

Маркетинг