Ситуацијата во САД драстично се влошува: Гувернерот на Њујорк со морничаво предупредување

Точка

03/04/2020

08:34

2.273

Големина на фонт

а а а

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо предупреди дека доколку бројот на тешките случаи на Ковид-19 продолжи да расте со истиот интензитет, за 6 дена државата може да се соочи со недостаток на респиратори.

Администрацијата на Трамп ги советува Американците да започнат да носат заштитни маски, додека ситуацијата во земјата драстично се влошува – бројот на починати во САД само во еден ден ја надмина границата од илјада.

Синоќа бројката на починати од коронавирусот беше 5887, а бројот на заразени во 50 американски сојузни држави премина 245 илјади. Според проценките на експертите за здравство во Белата куќа, од коронавирусот, дури и ако на сила биде ставен целосен карантин, ќе починат од 100 до 240 илјади Американци.


Ситуацијата моментално е најкритична во Њујорк каде што здравствените установи се наоѓаат на голем удар поради огромниот број на пациенти. Респираторите се најважниот дел од опремата и се користат за спасување на животот на најтешко заболените.

Државата Њујорк од своите залихи испрати 400 респиратори во самиот град и уште 200 во околните предградија, но гувернерот Куомо предупредува дека ќе има голем недостаток на респиратори доколку продолжи вака високиот пораст на бројот на заболени.


Гувернерот најави дека државата ќе нареди во употреба да се пуштат и машини за анестезија или еден респиратор да се користи за повеќе пациенти. Според неговите проценки, за 6 дена државата може да се соочи со недостаток на респиратори, а тоа може да резултира со уште поголемо зголемување на смртните случаи.

Бројот на заразени и починати од Ковид-19 во Њујорк расте со забрзана динамика – само во последните 24 часа починаа 432 пациенти. Во оваа сојузна држава вкупно се хоспитализирани 13,383 лица, од кои 3,396 се на интензивна нега.



Спонзорирани линкови

Маркетинг