Нулта зона на епидемијата во Шпанија: Овој град е најтешко погоден од коронавирусот

Точка

02/04/2020

21:49

3.108

Големина на фонт

а а а

Во градот владее опасна ситуација, а градоначалничката Инмакулада Хименез во понеделникот навела дека вирусот “беснее против луѓето”.

Еден од секои шест починати од коронавирусот во шпанската автономна заедница Кастиља ла Манча бил од пределот околку Томељоса – град кој се наоѓа на северозападот на провинцијата Сијудад Реал. Овој град се смета за нултата зона. 

Тој локалитет бил еден од првите кој во регионот регистрирал Covid-19. Првиот смртен случај бил забележан на 12-ти март.

Во Томељоса живеат околу 35.000 луѓе. Од коронавирус починале повеќе од 100, и тоа е место со една од највисоките стапки на смртност во Шпанија.


Сепак, бројките веројатно се малку поинакви со оглед на тоа дека не се објавуваат на ниво на локалитет.

Во градот владее опасна ситуација, а градоначалничката Инмакулада во понеделникот навела дека вирусот “беснее против луѓето”.

Хименез посветила и охрабрувачки зборови за сите семејства кои ги изгубиле своите сакани. Сепак, таа упатила и благодарност до сите кои во време на кризата се наоѓаат во првите борбени редови, од здравствените работници до државните сили за безбедност, работниците во супермаркетите...

“Многу сум горда на секој од вас”, додала таа.

Таа инсистира дека не е време за измами и лажни вести.

Општинските власти ќе разгледаат низа економски и социјални мерки за сузбивање на ефектот на епидемијата и за таа цел ќе бидат доделени 2 милиони евра.

Да потсетиме, во Шпанија денес е регистриран нов црн рекорд – во последните 24 часа починале 950 луѓе, па така вкупниот број на починати сега е 10.003.

Заразени се 110.238 луѓе, а повеќе од 54.000 се хоспитализирани. Излечени се 27.000 луѓе, пренесува El Pais.




Спонзорирани линкови

Маркетинг