Во тешкиов период со коронавирусот, една зоолошка градина во Веракруз добила најслатка принова.
Тигрица од Бенгали на свет донела зрак надеж: преслатко младенче.
За жал, после одлуката на работниците во зоолошката градина, тигарчето го добило името Ковид, по стручниот назив на коронавирусот, Ковид-19.
„Му го дадовме тоа име бидејќи овој вирус дојде за да ѝ покаже на планетата дека за кратко време можеме да се промениме. Ова младенче претставува надеж дека таа промена ќе донесе нешто подобро“, велат работниците.