Штом нешто се мора, на повеќето луѓе веднаш им е помалку 'атрактивно', па дури и кога станува збор за седењето дома кое долго го посакувавме.
Во моменталната ситуација, кога коронавирусот со кој се бори цел свет и само оние кои немаат избор излегуваат надвор - сè запре. И така, додека до неодамна зборувавме дека нѝ недостасуваат денови за себе, за семејството, одмор од брзање, средување шминка - сега тоа нѝ недостасува.
Меѓутоа, ако мислевте дека сите се откажале од модата и трендовите, се лажете - тоа само доби нова форма. Затоа, ако мислевте дека тоа што лежите дома значи дека треба да бидете запуштени и не размислувате за тоа што го носите, нашите омилене трендсетерки одлучија да ве 'размрдаат'. Темата е кежуал, но онаа модерната. Станува збор за тренирки.
Познатите дами нѝ покажаа како ги носат за време на карантинот, па така повторно нѝ го доближија трендот од 90-те години. За разлика од многумина, ова е удобен тренд и веруваме дека ќе им прирасне за срце дури и на оние чиј стил е далеку од елегантен.
Во продолжение погледнете неколку удобни комплети кои ги преферираат познатите дами.