Сега е идеално време да откриете како да станете вистински среќна личност

Точка

02/04/2020

18:01

2.032

Големина на фонт

а а а

Среќата базирана на настани е пролазна, додека вистинската среќа ја создаваме сами, преку навики.

Постојат два видови на среќа - краткорочна и онаа која трае цел живот. Ако сте склони кон првата, пробајте нешто ново, отпатувајте некаде, поместете ги вашите граници и научете што ве прави среќни. Но, не заборавајте на другиот вид среќа. Зборот кој најдобро ја опишува е задоволството.

Таа не се состои од низа 'инстант среќи'. Напротив, неа внимателно ја негуваме низ секојдневни активности и навики.

Коавторот на книгата „Emotional Intelligence 2.0“ д-р Травис Бредбери во својот есеј „Eleven Habits if Supremely Happy People“ вели дека погрешно сфаќаме дека големите животни настани ја диктираат нашата среќа и тага.


Среќата базирана на настаните е минлива, додека онаа вистинската среќа ја создаваме сами, преку навики. Вистински среќните луѓе ги напуштиле навиките кои им биле штетни и ги присвоиле оние кои им прават задоволство, открива д-р Бредбери, за порталот „Lifehacker“.

Меѓу 11-те навики потреби за среќа, д-р Бредбери наведува дека тие се толку вообичаени, што ќе се изненадите. Додава и дека среќните луѓе не се грижат само за своето здравје, туку бараат и смисол.

„Тие настојуваат да водат длабоки разговори. Избегнуваат озборувања, празни муабети и осудувања. Наместо тоа се фокусираат на интеракции кои имаат смисол. Се поврзуваат со други луѓе во подлабока смисла, создаваат емоционални врски со нив“, објаснува д-р Бредбери за споменатиот портал.

Ако сакате повеќе квалитетни врски во животот, треба да почнете да се опкружувате со луѓе кои за вас се вистински пријатели и што повеќе време да поминувате во дружење наместо онлајн. Обидете се да живеете на начин на кој сами ќе си создавате среќа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг