Орангутанка видела како луѓето ги мијат рацете, па почнала и таа

Точка

02/04/2020

18:12

4.524

Големина на фонт

а а а

Иако не веруваме дека постои некој кој не го знае ова, некои работи треба постојано да се повторуваат – миењето раце може да ве заштити од коронавирус.

Сè што треба да направите е темелно да ги миете рацете со сапун барем 20 секунди, а во случај да ви е потребна подобра демонстрација за тоа, Центарот за големи мајмуни од Флорида има соодветно видео. Снимката од орангутанката Сандра стана вистински хит на социјалните мрежи бидејќи таа се научила да мие раце.  

34-годишниот примат бил снимен како ги мие рацете, а од центарот велат дека орангутанката ги видела своите негуватели како го прават тоа, па започнала и таа.

“Дефинитивно ги триеше рацете подолго од 20 секунди, одлично завршена работа, Сандра”, напишале од центарот покрај симпатичното видео.

Снимката стана хит на социјалните мрежи, а многумина ѝ заблагодаруваат на Сандра за примерот кој им го дава на луѓето кои сè уште не можат да запомнат дека треба редовно да ги мијат рацете.


Орангутанката е родена во зоолошката градина во Росток, Германија. Поголемиот дел од животот го поминала во Буенос Аирес каде била присилена да живее сама, без други орангутани. За среќа, еден судија од Аргентина ѝ овозможил подобри животни услови и Сандра во 2019 година пристигнала во Центарот за големи мајмуни каде живее со 22 други орангутани, пренесува “Bored Panda”.

Во јануари, орангутанката го прославила својот 34-ти роденден, а негувателите по тој повод ѝ приредиле забава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг