Барселона сака да „активира две бомби“ во летниот преоден рок

Дерби

02/04/2020

17:28

1.927

Големина на фонт

а а а

Актуелниот шпански шампион и актуелен лидер во Примера, Барселона и покрај финансиска неизвесност поврзана со пандемијата на коронавирусот сака да доведе две големи имиња во летниот преоден рок.

Според „Мундо Депортиво“ желбата е да се ангажираат двајца јужноамериканци во напаѓаката линија и тоа Лаутаро Мартинез од Интер и Нејмар од Пари Сен Жермен со тоа што првиот се смета за приоритетно, додека пак на вториот се гледа како на стратегиско засилување.

Информациите говорат дека Барса води во трката за Аргентинецот кој би требало да биде директна, долгорочна замена за Луис Суарез. Тој сезонава даде 16 голови на 30 мечеви за Интер со што потврди дека е голем потенцијал, играч кој може да напредува и биде еден од најдобрите на својата позиција во иднина.

Кога е во прашање Нејмар, каталонците и минатото лето се обидоа да го вратат, меѓутоа имаа неуспешни преговори со ПСЖ. Сега одново ќе треба да седнат на маса со „светците“ со тоа што сега наводно ќе го имаат Бразилецот на своја страна, поточно тој отворено признава дека сака да се врати на „Камп Ноу“.

Останува да видиме дали Барса како и дали ќе може да ги изведе овие операции во кои се најавува дека најверојатно ќе бидат вклучени и играчи за да се дојде до сума, договор кој е прифатлив за сите страни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг