Најдобриот германски состав, Баерн Минхен одлучи да го казни Џером Боатенг кој имаше „излет“ ги прекрши правилата за карантин, поточно останување во домашни услови додека трае пандемијата со коронавирусот.
-Баерн смета дека клубот има одговорност да биде пример. Како последица на овој престап, клубот одлучи да му изрече казна на Боатенг. Клубот ќе ги донира парите во болниците во Минхен, -порачаа од таборот на „баварците“.
На ова реагираше искусниот дефанзивец кој објасни дека бил принуден тоа да го направи затоа што сакал да биде со неговиот четиригодишен син кој болен.
-Знам дека беше грешка што не го информирав клубот за моето патување, но во тој момент на ум го имав само мојот син. Тој не беше во добра здравствена состојба. Кога син ќе се јави кај својот татко, секако дека сепак ќе одам, без разлика во кое време. За него прифаќам казна; на крајот на краиштата, тој е мојот син. Сакам да го видам таткото што не оди во таков момент да биде со неговиот четиригодишен син. Ако има казна за тоа, тогаш јас го почитувам. Мислам дека е тажно, -истакна Боатенг кој на враќањето од Лајпциг го заби својот Мерцедес на заштитната ограда на автопатот.