Имено на сер Алекс Фергусон засекогаш со големи букви ќе биде запишано во историјата на светскиот фудбал, особено во онаа на Манчестер Јунајтед, клуб во кој мина скоро децении и донесе извонредни успеси како на домашна така и меѓународна сцена.
Секако зад таквиот успеј се крие стратеги, план, а истиот сега го откри Гери Невил кој долго време играше под водство на Ферги на „Олд Трафорд“. Стариот лицец секогаш успеавеше да направи добар тим, да донесе играчи кои му одговорараат и можат да донесат резултати.
-Имаше три категории. Неговата политика беше да ги промови млади играчи кога е возможно, тоа беше број еден пред воопшто да го погледне надворешниот пазар. Број два беше да ги има најдобрите од Премиер лигата, оние на кои може да им верува, кои можат да напредуваат и бидат со клубот долго време. Гери Палистер, Стив Брус, Вејн Руни, Рио Фердинанд, Робин ван Перси. Потоа тој секогаш сакаше да се појави меѓународен талент што може да му дојде на Манчестер и што може да работи и да се развива во одлични играчи. Немања Видиќ, Питер Шмајхел, Патрис Евра, Кристијано Роналдо, Оле Гунар Солскјер. Тој многу ретко се впушташе во светот да купи комплетна ѕвезда и не е далеку од тактиката на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити во овој момент, -истакна Невил.