Американскиот производител соопшти дека бројот на резервации ја надминал планираната годишна продукција на електричниот Mustang Mach-E.
Ford соопшти дека електричниот Mustang Mach-E веќе го резервирале доволен број на купувачи, така што има работа за една година во погоните каде што ќе се произведува електричниот кросовер.
Од компанијата не го открија точниот број на примени нарачки, но тврдат дека тој е веќе поголем од планираното годишно производство кое изнесува 50 илјади примероци. Во првите 12 месеци од производството ќе се изработува таканаречената лимитирана серија First Edition.
Инаку, потенцијалните купувачи кои сакаат да го резервираат својот Mustang Mach-E оставаат депозит во висина од 500 долари, а парите им се враќаат доколку во меѓувреме одлучат да се откажат од купувањето на автомобилот.
Кога ќе пристигне во продажните салони кон крајот на 2020-та година, Mustang Mach-E ќе биде достапен во стандардната конфигурација на батерии, како и во верзија со продолжен радиус на движење (околу 480 километри). Купувачите исто така ќе можат да изберат и помеѓу верзија со погон на задните или на сите четири тркала.