Познатата манекенка Алексина Грејем, која што минатата година стана член на „Викторија Сикрет“, соопштила дека е заразена од коронавирусот.
Убавицата истакнала дека симптомите биле тешки и дека на крајот била хоспитализирана во болница.
Таа исто така споделила фотографии од болничката постела, со маска на лицето, а потоа опишала како се чувствува.
„Повраќав неколку пати на ден. Се појави и високата телесна температура, а телото постојано ми трепереше. Не можев да изговорам полна реченица, ниту пак нормално да дишам. Белите дробови не ми го дозволуваа тоа, а грлото ми беше затворено, градите стегнати. Не можев самостојно да влезам ниту пак да излезам од кадата. Ми беше потребна помош да станам од кревет. Не можев нормално да јадам затоа што сето тоа претставуваше болка за мене“ – додала таа и апелирала сите да останат во изолација и да не ги напуштаат своите домови.
„Ве молам, сфатете го ова сериозно. Ве молам, останете дома сами или пак со кој и да живеете. Ова е застрашувачко“ – акцентирала славната 30-годишна манекенка и воедно ѝ се заблагодарила на својата помлада сестра која непрекинато се грижи за неа.