Преку ноќ стана хит на интернет: Еве како да го направите популарното кафе Далгона

Точка

02/04/2020

16:19

11.611

Големина на фонт

а а а

Луѓето ширум светот го претпочитаат своето кафе на одреден начин. Некои сакаат црно кафе, некои го пијат со млеко, некои додаваат шеќер, некои не...

Но, бидејќи доброто кафе на многумина нѝ недостига во овој период на самоизолација, на интернет со брзина на светлината се прошири рецептот за кафето наречено Далгона, кое стана вистински хит помеѓу љубителите на овој пијалак. 

Кафето Далгона се нарекува уште и “грчко фрапе” или “грчко ледено кафе”, а познато е и како “Phenti hui coffee” во Индија каде всушност се смета за рачно матено ледено капучино.

Далгона стана вирална сензација токму поради тоа што изгледа вкусно и декадентно, а тоа нѝ е особено потребно во моментите кога сме дома и кога нѝ недостасуваат мали возбудливи нешта кои ќе нѝ го разубават денот.

Рецептот за кафето е многу едноставен: две лажички инстант кафе, две лажички шеќер, две лажички топла вода. Можете да користите миксер или маталка, а смесата ја ставате на топло или ладно млеко, по ваша волја.

Еве како да го направите кафето Далгона:



Спонзорирани линкови

Маркетинг