Ги нарекуваа “недопирливи”: Беа најпопуларен холивудски пар, а потоа тој ја остави на емисија во живо

Точка

02/04/2020

15:27

4.688

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Мет Дејмон и британската актерка Мини Драјвер беа во врска повеќе од една година откако тој се одлучи да изјави во емисијата на Опра Винфри дека е слободен маж.

Дејмон во 1998 година стана еден од најбараните актери во Холивуд откако доби Оскар за најдобро оригинално сценарио за филмот “Good Will Hunting”. 

Тој и Бен Афлек станаа најдобри пријатели, а оттогаш па сè до денес ги знаеме како тандем.

Но, многумина забораваат на љубовниот живот на Мет во тој период. Актерот во тоа време беше во врска со колешката Мини Драјвер. Дејмон и Драјвер беа еден од најпопуларните холивудски парови, а медиумите често коментираа дека тие се “недопирливи”.


И навистина беа – сè додека Мет не одлучи да раскине со неа на неславен начин. Мет и Мини беа пар повеќе од една година кога тој, при гостувањето кај славната Опра Винфри, на прашањето за статусот на својата врска одговори дека е слободен.

Сето тоа го прокоментирала и Мини по емисијата.

“Штета што Мет го кажа сето тоа додека гостуваше кај Опра. Очигледно му се чинело како погодна ситуација да објави пред целиот свет дека сме раскинале, но и понатаму мислам дека тоа беше непристојно. Секако, еден месец претходно во друго шоу зборуваше колку ме сака и дека нѝ е супер заедно”, рекла разочараната актерка по неговиот потег.


14 години подоцна, Мини во едно интервју изјавила дека била млада и дека потполно била вљубена во Мет. Начинот на кој тој раскинал со неа ѝ го скршило срцето, а кога се присетила на врската, рекла дека ѝ е драго што останале во добри односи.

По прекинот со Драјвер, Мет Дејмон беше во врска со Винона Рајдер кој ја запознал преку тогашната девојка на најдобриот пријател Бен Афлек – Гвинет Полтроу. Тој ја запозна сегашната сопруга Луцијана Баросо во 2003 година, а се венчаа две години подоцна и сè уште се во брак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг