Ван Дајк не е „запален“ за фудбал: Изгледав само еден меч, не можев да поверувам што правев

Дерби

02/04/2020

14:05

766

Големина на фонт

а а а

Членот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк не е премногу запален, заинтересиран за фудбал во овој период додека е во карантин и додека трае овој прекин поради коронавирусот изгледал само еден меч на телевизија.

Ова го обелодени Холанѓанецот за официјалната веб страна на „црвените“, а дуелот кој го испратил бил од неговите први мечеви на сениорско ниво кога имал 18, 19 години.

- Не гледам премногу фудбал, да бидам искрен. Особено од оваа сезона не гледав никаков посебен натпревар. Не знам зошто, тоа е така како што е. Гледав само еден натпревар од мене кога играв еден од моите први натпревари во Холандија, тоа беше на ТВ, кога играв како десен бек. Не можев да поверувам што правев. Тоа го гледав затоа што тогаш имав 18-19 и оттогаш го немам гледано тој натпревар. Тоа го имаше на ТВ. Ми недостасува да гледам фудбал и очигледно да играм фудбал, но мислам дека е малку тешко на тоа да се размислува. Немам гледано ниту еден од натпреварите во Ливерпул оваа година, сум погледнал некои на социјалните мрежи, некои хајлатси – убаво е да се види и добро чувство да се добие. Но, освен тоа, не навистина, - откри Вирџил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг