Докторите предупредуваат: Оваа намирница го уништува имунолошкиот систем, а ја користиме сите

Точка

02/04/2020

14:34

5.897

Големина на фонт

а а а

Солта е важна за правилно функционирање на човечкиот организам, но прекумерниот внес на истата остава сериозни последици врз имунолошкиот систем.

Во овој период од клучна важност е имунитетот да ви биде силен за телото да може да се избори со вирусот доколку го нападне. 

Неодамна било спроведено научно истражување во кое учествувала група испитаници кои се согласиле да бидат подложени на многубројни биохемиски тестови. Испитаниците секој ден внесувале 6 грама повеќе сол од препорачаната доза.

По само една недела нивните резултати биле значително полоши и бил забележан нагол пад на имунолошкиот систем.


“Едноставно речено, имунитетот започнал да ја слабее одбранбената моќ на телото”, велат докторите.

Вишокот сол ги спречува органите да ја прочистуваат крвта. Ако во организмот има премногу сол, тогаш водата почнува да се задржува во органите и ткивата поради што бубрезите престануваат нормално да функционираат. Потоа, поради задржување на токсините во телото се создава погодно тло за развој на разни воспаленија.

Последиците од прекумерната консумација на сол се и појава на хроничен умор, проблеми со срцето, исцрпеност и пад на концентрацијата, како и проблеми со зглобовите и мускулите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг