Нема шампион, ниту испаѓање во Австрија: Крај на сезоната за Костески, Крстевски и Митков

Дерби

02/04/2020

13:55

524

Големина на фонт

а а а

Македонските ракометни интернационалци Горан Крстевски, Никола Костески и Влатко Митков ја завршија оваа сезона во првата лига на Австрија.

Имено австриската федерација донесе одлука предвреме да ја заокружи актуелната кампања, а причината за тоа е пандемијата со коронавирусот. Нема да има ниту шампион, ниту испаѓање, ниту влез во повисок ранг што значи се останува исто како досега со надеж дека следната сезона ќе може да тече се игра по нормален тек.

Костески и Крстевски играа заедно во Линц, додека пак ветеранот Митков беше дел од Брегенц.



Спонзорирани линкови

Маркетинг