Германија има голема дупка во одбраната од пандемијата: Граѓаните повикуваат итно да се реагира

Точка

02/04/2020

20:25

4.945

Големина на фонт

а а а

Германците се жалат дека недостасува контрола на германските аеродроми за државјаните на земјата кои се враќаат дома со хуманитарни летови.

Германка која неодамна се вратила од Шри Ланка изјавила за дневникот „Велт“ дека за разлика од земјата од која допатувала, во Германија на аеродромите воопшто не се спроведувале здравствени контроли.

„Излегов од авионот и директно го продолжив моето патување“, изјави таа за споменатиот медиум.

И други патници кои државата ги врати во Германија говорат за големиот метеж на аеродромот во Франкфурт, укажувајќи на слабата контрола на аеродромот: „Имаше патници кои во авионот влегоа со симптоми на коронавирус“.

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас на „Твитер“ пренесе дека досега во Германија се вратени 187 илјади лица: „Се бориме секој ден за секој лет кој го овозможуваме за граѓаните“.

Од „Луфтханза“, авиокомпанија која ги спроведува летовите, истакнаа дека нивниот екипаж визуелно проверува дали некој е видливо болен и додаваат дека ризикот од инфекција во авионот е исклучително мал.

Инаку, Министерството за надворешни работи на Германија се соочува со големи проблеми во обидите да ги врати сите Германци дома. Само на Нов Зеланд вчера се пријавиле 10 илјади Германци за враќање дома. Исто така, илјадници Германци моментално се наоѓаат во Јужна Африка, Тајланд, Австралија, Перу и други земји ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг