Во Србија од коронавирусот моментално се инфицирани над 1.000 луѓе, а во овој град нема ниту еден потврден случај на позитивен на коронавирусот. Дали станува збор за јужнокорејска дисциплина?
Во Златиборскиот округ потврдени се 11 случаи на заразени од коронавирусот, а Валево исто така е едно од жариштата, меѓутоа, општината Косјериќ која што се наоѓа на половина пат помеѓу Валево и Ужице и понатаму нема ниту еден заразен од коронавирусот.
Ова место воопшто не му одолева на невидливиот непријател и затоа може да се каже дека моментално е како италијанското гратче Ферера Ербоњоне кое што е во срцето на Ломбардија, но нема ниту еден потврден случај на заразата.
„Граѓаните се многу дисциплинирани, на улиците ретко можат да се видат или пак доколку излезат задолжително носат маски и ракавици. За време на траењето на полицискиот час не е евидентиран ниту еден случај на прекршок ниту пак е напишана некаква пријава. Според препораките на министерството за здравство, вршиме дезинфекција на јавни површини и станбени згради со хипохлорид“ – изјавил Жарко Џокиќ, градоначалник на општината.
Според неговите зборови во самоизолација моментално се наоѓаат 56 луѓе, затоа што се вратиле од патување, а полицијата ги проверува три пати дневно дали се во своите домови.