Уапсени насилниците кои тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Макфакс

02/04/2020

13:47

5.929

Големина на фонт

а а а

Во врска со видеото со насилство врз девојче кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека двајцата насилници се идентификувани и уапсени.

Станува збор за лица со иницијали С.А и П.Р.

За настанот веќе известени се и основното јавно обвинителство и надлежниот центар за социјални работи.

Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот.

Корисниците на социјалните мрежи од утрово споделуваа видео со исклучително вознемирувачка содржина на кое се гледа како двајца мажи тепаат девојче во влез на зграда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг