Кинезите лажеле за бројот на заразени и починати: ЦИА го потврди тоа што веќе го знаевме...

Точка

02/04/2020

22:14

14.845

Големина на фонт

а а а

Американците дојдоа до заклучок дека кинеските власти лажеле за бројот за заразени и починати од коронавирусот. Во извештајот на американските разузнавачки служби стои дека бројот бил намален, пренесува „Блумберг“.

„Блумберг“ објави доверлив извештај на американските разузнавачки служби кој минатата седмица бил предаден во Белата куќа.

На својата редовна конференција за новинари, американскиот претседател Доналд Трамп сепак избегна конкретен одговор: „Нивните бројки се чинат како да се намалени и многу сум пристоен кога го велам тоа. На прашањето дали бројките им се точни, ќе ви кажам дека не сум кинески сметководител“.


Не пропуштајте: Мистериозно исчезна шефицата на итната служба од Вухан: Никој не знае каде е храбрата докторка после „експлозивното“ интервју кое го обиколи светот

Американската разузнавачка служба оценила дека бројот на жртви од коронавирусот кој е објавен од официјален Пекинг е неточен.

„Комунистичката партија на Кина лажела, лаже и ќе продолжи да лаже за коронавирусот за да го заштити режимот“, изјави републиканскиот сенатор Бен Саси.

„ЦИА го потврди тоа што веќе го знаевме – Кина со месеци ја прикривала сериозноста на ситуацијата со вирусот. Светот сега плаќа за нивните грешки“, додаде неговиот колега од Претставничкиот дом, Вилијам Тимонс.


Администрацијата на Трамп, на чело со шефот на дипломатијата Мајк Помпео во последниов период остро ја критикуваше Кина поради слабата транспарентност околу епидемијата која се прошири во целиот свет, но досега од Вашингтон нема конкретно обвинување дека Кина лаже.


Не пропуштајте: Вухан се отвора, а тајните излегуваат на виделина: Жителите веруваат дека од Ковид-19 починале дури 42 илјади...

Минатиот вторник координаторката на кризниот штаб во Белата куќа за борба против пандемијата, Дебора Биркс изјави дека Кина го намалувала бројот на жртвите и поради тоа здравствената заедница бројките ги интерпретирала на начин што ситуацијата не е толку сериозна, а последиците на тоа според Биркс сега ги гледаме во Италија и Шпанија.

Според официјаните бројки, во Кина од декември кога болеста изби во провинцијата Хубеи, со коронавирус се заразиле 82,394 лица, а како последица од вирусот починаа 3,312.



Спонзорирани линкови

Маркетинг