Работата на Вудворд сега вроди со плод: Додека сите размислуваат за кратење на платите, Манчестер Јунајтед го нема тој проблем

Дерби

02/04/2020

10:38

936

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд е еден од најомразените ликови меѓу фановите на „ѓаволите“.

Долго време се бара негово заминување поради, како што сметаат фановите, лошата работа во клубот и недоволното ангажирање кога станува збор за трансфери на вистински играчи. Манчестер Јунајтед во минатото испушти некои важни играчи, па токму затоа фановите на клубот се налутија на првиот оперативец за кого посочија дека тој повеќе размислува на парите отколку на тоа да се донесе некое респектабилно засилување на „Олд Трафорд“.

Сега кога светот се соочува со сериозна економска криза, а и фудбалските клубови се погодени од истата, се чини дека Манчестер Јунајтед нема да се соочи со поголеми проблеми. Голем дел од светските клубови ги кратат платите на играчите и вработените, а таквиот тренд дојде и во Премиер лигата од каде Тотенхем, Норвич и Њукасл ги скратија платите на сите вработени во клубовите.

За разлика од нив, Манчестер Јунајтед засега го издржува нападот од коронавирусот поради огромниот приход од спонзорски договори. На сметката на Манчестер Јунајтед легнуваат 173 милиони фунти само од помалите комерцијални партнери за кои во минатото Вудворд беше доста критикуван.

Така, 900 вработени во Манчестер Јунајтед засега не мора да се грижат за евентуално намалување на платите. Во петок ќе има средба помеѓу премиерлигашката заедница и ФА на која ќе биде донесена одлука дали ќе биде задолжително кратењето на платите на фудбалерите за следните три месеци, нешто што дополнително би го подобрило буџетот на Манчестер Јунајтед.

Што се однесува до моменталната криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, се очекува Манчестер Јунајтед да не претрпи воопшто загуби и повторно да инкасира приближно 170 милиони фунти од спонзорски договори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг