Де Брујн за играчот за кој се „тепаат“ Јунајтед и Челси: Тој е луд, не сакам да знам колку пари ќе ги чини

Дерби

02/04/2020

09:52

1.051

Големина на фонт

а а а

Покрај тоа што фудбалерите се согласуваат да направат видео интервјуа преку социјалните мрежи, дел од нив се одлучуваат и за видео конекција на Инстаграм меѓу нив, а во таква една конверзација меѓу Кевин Де Брујн, Аксел Витсел и Ромелу Лукаку, ни пристигна една интересна изјава за играчот кој се очекува да биде главна ѕвезда на преодниот рок во Англија.

Џејдон Џанчо е суперталентиран англиски фудбалер и веќе има статус на репрезентативец, а како што стојат работите, жестока битка за неговиот потпис ќе водат Манчестер Јунајтед и Челси, а не се исклучува да се вклучи и Ливерпул. Сите добро знаеме дека Санчо всушност е продукт на младинската школа на Манчестер Сити, а токму актуелната најголема ѕвезда на „граѓаните“ не крие колку е воодушевен од крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд.

– Тој е навистина луд. Чудно е ова што ќе го кажам, но тренирав неколку пати со него и потоа исчезна. Си отиде и тоа беше неверојатно. Понекогаш се одвиваат вакви работи во фудбалот, но на крајот испадна добро за него. Сега ако го сакате во својот тим, ќе треба многу да платите. Не сакам да знам колку треба да се плати за него, – порача Де Брујн кој имаше можност да тренира со Санчо пред да замине во Германија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг