Истражување – научниците откриле траги на коронавирусот таму каде што никој не очекувал...

Точка

02/04/2020

10:13

7.252

Големина на фонт

а а а

Научниците од Медицинскиот универзитет во Небраска пронашле траги од вирусот во собите каде што престојувале пациентите заразени од Ковид-19 и во ходниците кои што водат до просториите за изолација.

Коронавирусот може да се најде во воздухот па дури и кога пациентите не се во собите, тврдат научниците од Небраска, пренесуваат од „MedRxiv“.

„Идентификувавме низа примероци од гени во воздухот, што го потврди приоритетот на заштита на дишните патишта, секогаш кога е тоа возможно и приоритетот на негативниот притисок на опкружувањето“ – изјавил Џон Ло, коавтор на истражувањето од Интерпрофесионалната обука за здравствена безбедност и образование.

Во истражувањето биле користени примери од воздухот од 11 болнички соби во кои е откриена голема концентрација на Ковид-19. Анализирани биле примероци од ходникот надвор од просториите во кои што вработените во болниците влегувале и излегувале, а тие примероци биле позитивни, се наведува во извештајот.


Истражувачите изјавиле дека не е потценувачки податокот дека виурусот во воздухот е заразен или пак не, но ја зголемува потребата за заштитна опрема за медицинските лица се додека не се направат појасни наоди на таа тема.

Како што истакнал коавторот на истражувањето, Џошуа Сантарпи, вонреден професор за патологија и микробиологија, ваквото истражување допринесува за разбирање на одговарачките мерки за заштита на здравствените рабтници и сите оние кои што се грижат за заразените во текот на пандемијата.

„Истражувањето е во тек и ќе допринесе подобро да се разбере пренесувањето, а и да ги препознаеме начините на кои што може да се зголеми безбедноста на пациентите кои што се заразени од оваа болест“ – изјавил професорот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг