Во НАСА пристигнале 12 000 апликации за идни астронаути

Макфакс

02/04/2020

08:46

948

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12 000 апликации за идната генерација астронаути, за околу десетина слободни места, а резултатите од процесот на селекција ќе бидат објавени до летото 2021 година.

НАСА регрутира нова екипа на астронаути за својата програма „Артемис“, чија цел е да ја однесе и првата жена на Месечината. Првата екипа на Артемис треба да слета на Месечината до 2024 година, а потоа наредната екипа ќе се испраќа секоја година.

„Следната класа на астронаути, генерацијата Артемида, ќе ни овозможи да истражиме нови области на Месечината, а таа ќе нè однесе и до Црвената планета“, вели Џим Бриденштајн, директор на НАСА. 

Во 2017 година, од 18.300 кандидати, биле избрани 12 за астронаути, а 11 имаат ја завршиле обуката до крај. Траела до јануари годинава.Апликантите мора да бидат американски државјани и да имаат најмалку магистратура во научни дисциплини, технологија или математика, а ќе бидат примени и лекари и пилоти. Во моментов НАСА има 48 активни астронаути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг