Ја критикувале Русија поради помошта за Италија, Москва жестоко одговорила

Точка

01/04/2020

20:17

6.106

Големина на фонт

а а а

Критиките на сметка на руската на руската помош за Италија против коронавирусот се неосновани, цинични и неморални, смета амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов.

Тој на Фејсбук страната на Амбасадата на Русија одговарал на прашања од новинарите. 

"Неодговорната критика и недовербата во помошта која Русија и ја дава на Италија е цинична, неморална и бесчувствителна кон оние кои се борат за живот. Нашите воени лекари - доктори и медицински сестри - секојдневно ризикуваат, за разлика од оние кои се осудуваат да ја проценат ефикасноста на нашата работа", нагласил дипломатот, одговарајќи на прашањата на новинарите на страната на Амбасадата на Русија на Фејсбук.




Спонзорирани линкови

Маркетинг